Vodstvoto i komunikacijata (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 21

СОДРЖИНА
Водството и комуникацијата....................................................................2
Водачите, менаџерите и комуницирањето.............................................6
Менаџерските / водствените стилови и комуницирањето.....................9
Модели за комуницирање......................................................................12
Разбирање и надминување на отпорот кон водството........................14
Заклучок...................................................................................................19
Користена литература............................................................................21 ВОДСТВОТО И КОМУНИКАЦИЈАТА
Процесот на менаџментот ја прикажува целосната проблематика на организацијата и истовремено ја поврзува со надворешното окружување. Притоа, акцентот се става на комуникацијата, и тоа како внатре во организацијата, така и со нејзиното окружување. Овој процес на менаџмент може илустративно да се прикаже на следниот начин:
Слика 1.0 Процес на менаџмент
Ѓ. Михајловски, (1996), Менаџмент и профит, ДНУ Битола, стр. 468
Предмет на комуникацијата, покрај другото е преносот на информациите внатре во самата организација и во односите на организација со окружувањето. Оваа активност е насочена кон остварување на целите на организацијата. Информациите што се предмет на комуницирањето можат да бидат со различна содржина. Може да стане збор за пренесување на донесени одлуки, примена на иновации и слично. Овие информации можат да бидат со различен интензитет во поглед на правата и обврските на единките, учесници во процесот на комуницирање. Начинот на којшто се врши процесот на комуникација е тесно поврзан со организациската култура.
Според М. Зечевиќ, комуникацијата е од есенцијално значење за внатрешното функционирање на организацијата, бидејќи ги поврзува сите останати функции на управувањето. Таа особено е потребна: за да се определат и групираат целите на организацијата; да се направат планови за нивно реализирање; да се организираат сите човечки и други ресурси на ефикасен начин; да се изврши селекција на кадрите и нивна обука; да се управува, води, мотивира и создава клима во која вработените сакаат да придонесуваат во остварувањето на целите на организацијата; да се врши контрола во остварувањето на поставените задачи. Од гледна точка на комуницирањето на ниво на организацијата, мошне значајно е прашањето на повратната врска. Тоа впрочем е мерка за квалитетот на комуницирањето. Во тесна врска со неа е и проодноста на информациите (длабината и дометот).
Комуникацијата е секојдневна, вообичаена работа. Сите ние имаме потреба и право да знаеме што се случува околу нас и се што е поврзано со нас. Без комуникација сето она што го мислиме и го имаме стекнато како знаење ќе престане да постои, а секоја генерација ќе биде посиромашна за искуството на претходната. Непотребно ќе се троши време за минување на истиот пат на учење на исти работи, а напредокот би изостанувал. Без комуникација нема да опстанат ниту организациите. Нема управување, нема водење на организациите без комуницирање. Општ впечаток е дека во организациите постои незадоволство во поглед на квалитетот на комуницирањето и постои потреба за неговото подобрување. Грешките што притоа се прават, во прв ред се последица на недоразбирањето во комуникацијата и неможноста да се согледа дека комуникацијата е двострано резменување на информации, а не само давање наредби. Ефективноста на организациите, во најголем дел е резултат на успешната комуникација.

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!